Мечката Урош од Белградската зоолошка градина ја даде својата „прогноза“ за времето.

Имено тој денеска уживал на утринското сонце и на тој начин предвидел колку ќе ни трае зимата.

Урош излегол од зимската пештера и уживал на утринското сонце. Според народното верување, Сретение е ден кога се среќаваат зимата и летото, а според однесувањето на мечката, може да се превиди траењето на зимата.

Изгледа дека пред нас се наоѓаат убави денови, се предвидувањата

Се верува дека ако на Сретение осамне сончев ден, а мечките уплашени од сопствената сенка се вратат во зимски сон, зимата ќе трае уште 6 недели.

Доколку тоа не се случи, пред нас е вистинска пролет.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.