За по еден сантиметар е зголемен водостојот на Охридското и на Преспанското Езеро, а нивото на Дојранското Езеро е исто како вчера, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Сепак, и покрај тоа, водостојот на Преспанското Езеро е понизок од просекот за декември и тоа за 1,55 метри со што е три сантиметри под апсолутниот минимум од 842,25 (мнм), додека нивоата на Охридското и Дојранското Езеро се повисоки од повеќегодишниот просек за овој период од годината и тоа за два сантиметри кај Охридското, односно за 2,7 метри кај Дојранското Езеро.
Водостоите на реките, пак, најчесто се повисоки од просечните, но кај сите реки бележат пад во споредба со вчера, со исклучок на реката Сатеска на мерното место кај Ботун каде нивото е исто со вчерашното.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.