Откако Зеница стана балкански хит со куќата на врвот на зграда, деновиве од овој град во Босна и Херцеговина излезе нова сензација – хотел среде станбена зграда.
Многумина зеничани се зачудија кога на фасадата на станбената зграда на улицата Школска осамна напис „Hotel Carpe Diem“ и тоа со четири ѕвезди. Оние од зградата, пак, буквално вечерта легнале да спијат во своите станови, а утрото се рабудиле во хотел. Никому не му е јасно како можела да се издаде дозвола за таков проект во станбена зграда.
– Станарите се револтирани. Жално е што никој не бараше согласност од нас, а тоа, според законот, мораше да се направи. Ангажиравме адвокат и сега се води спор против фирмата што го отвори хотелот – вели претседателката на Куќниот совет, Сахида Бабиќ.
Како што дознава сараевси „Аваз“, поради почнатиот судски спор, инвеститорот уште не добил дозвола за употреба. Хотелот, според Бабиќ, бил на првиот кат од зградата и имал девет соби, а во станбената зграда имало уште 12 станови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.