Почна едномесечна кампања која поттикнува жени да не си депилираат делови од телото.

Цел на кампањата под наслов Januhairy е жените да се поттикнат да ги сакаат и прифатат влакната на телото додека истовремено собираат пари за добротворни цели.

Основачка е Лора Џексон (21), а за учество во кампањата се пријавиле жени од целиот свет.

На идеја дошла откако морала да „пушти“ влакна на нозете поради една претстава.

Минатиот месец почна кампања во која сега учествуваат жени од Британија, САД, Канада, Германија, Русија и Шпанија. Лора верува дека ќе собере пари за органзиацијата Body Gossip која учи млади како на здрав начин да го доживуваат своето тело.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.