Дваесет и деветгодишната Американка Рејчел Непиер за малку ќе останела без уста откако пробала да ја зголеми. Таа инјектирала филери кај доктор препорачан од нејзината пријателка.

Но, наместо посакуваната големина, нејзините усни се зголемиле четири пати повеќе, па таа морала да побара итна медицинска помош, мислејќи дека станува збор за алергична реакција.

Горната уста ми го допираше носот. Чувствував притисок и печење. Докторите и сестрите само ми се смееја, вели Непиер.

Докторите откриле дека филерите навлегле во една артерија и го блокирале доводот на крв околу усните и дека малку било потребно ситуацијата да стане многу посериозна.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.