Жена од Кина останала шокирана кога на венчавката на нејзиниот син сфатила дека девојката која треба да и стане снаа, всушност ѝ е ќерка!
Ова сознание, жената го имала додека церемонијата сѐ уште не била одржана. Таа на раката на невестата здогледала белег што ја шокирал – таков белег имала нејзината одамна изгубена ќерка!
По првобитниот шок, жената одлучила да ја дознае вистината. Им пришла на родителите на невестата и ги прашала дали можеби нивната ќерка е посвоена. Родителите на невестата прво биле шокирани од нејзиното прашање, а потоа признале дека нивната ќерка е, всушност, бебето што го пронашле покрај патот и го посвоиле пред 20 години и го гледале како родена ќерка.
Како што објави „Ориентал дејли“, идната невеста, откако ја дознала вистината, истакнала дека тоа што ја запознала биолошката мајка ја направило посреќна од самата венчавка.
На крај, венчавката, сепак, се одржала, затоа што и младоженецот бил посвоен, па така што немало никакви пречки тие двајца да стапат во брак.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.