Жена од Колумбија била снимена како киднапира бебе од родители во болница, преправајќи се дека е медицинска сестра.

Леиди Џохана Диаз, облечена како болничарка, им рекла на таткото и мајката на девојчето дека мора да го носи на анализа. Тогаш бебето го ставила под јакна и тргнала да излегува од болница Мадера во Богота, но родителите и медицинарите кренале паника бидејќи нејзиното оправдување им било сомнително, соопштила полицијата.

Леиди била сопрена од обезбедувањето пред да ја напушти зградата, бидејќи на време биле активирани безбедносните протоколи.

Набрзо била пронајдена и уапсена, а бебето им е вратено на родителите. Жената, според локалните медиуми, била на обука како медицинска сестра во истата болница во ноември минатата година.

На осомничената и е одреден притвор, а истрагата е во тек.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.