Земјотрес со локална Рихтерова магнитуда од 2,4 степена е регистриран ноќеска во 00 часот и 21 минути во епицентралното подрачје Делчево-Берово, на 100 километри источно од Скопје.

Земјотресот е почувствуван од населението на Виница и околината со интензитет од 3 степени според Европската макросеизмичка скала, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.