До пред неколку децении, луѓето кои се тетовираа беа мета на предрасуди и стереотипи. Се сметаше дека тетоважи имаат само затвореници или оние кои служеле војска во ЈНА.

Тетоважата се покриваше со облека, а можеше да биде и причина за отказ.

Тетовирањето не е тренд кој се појави пред неколку децении. Уште во минатото луѓето го украсувале телото на различни начини.

Во денешно време, тетоважите се дозволени, но во некои земји тетоважата сè уште може да ви предизвика проблеми.

Тајланд

Тајланд го почитува будизмот, па тетоважата на Буда се смета за навреда на припадниците на религијата.

Тајланд ги забрани тетоважите за жителите, но и за туристите. Доколку имате ваква тетоважа, најдобро би било да ја покриете со облека додека престојувате таму.

Данска

Во 1996 година, Данска донесе закон со кој забрани тетовирање на дланки, врат и лице.

Но, Данците се премногу либерални, па ако се прошетате низ Копенхаген, ќе ги забележите луѓето кои не го почитуваат овој закон.

Хаваи

На Хаваи е дозволено тетовирање на уво и очниот капак, само во присуство и дозвола од лекар.

Северна Кореја

Како и сè останато, тетовирањето е под надзор на Комунистичката партија. На пример, не смеете да го истетовирате зборот „љубов“ доколку се однесува на вашето семејство, но може да истетовирате „љубов“ ако се однесува на љубов кон татковината.

Тетовирање на слика од Ким Џонг Ун е строго забрането и може да добиете казна затвор.

Јапонија

Во Јапонија тетоважите се дозволени, но не смеете да ги покажувате на јавни места како што се базен, теретана или ресторан.

Германија

Во Германија се забранети нацистички тетоважи. Може да добиете казна доколку по некој случај сакате тетоважа со кукаст крст.

Исто така, не смеете да тетовирате комунистички симболи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.