Oд производната лента од фабриката за автомобили во Мексико се спушти последната „бубачка“. Со тоа заврши ерата на легендарниот автомобил на германскиот производител.
Приказната на „бубачката“ започна во една мрачна ера. Првиот примерок, имено, беше произведен во 1938 година во нацистичка Германија. Беше наречена Кефер – „Käfer,” германскиот збор за „бубачка”.
Производството цутеше дури и по Втората светска војна, а зенитот беше достигнат за време на таканареченото германско економско чудо. „Бубачката“ стана симбол на поствоеното економско воскреснување на Германија. Производството во 70-те години беше префрлено во Мексико и во Бразил. Севкупно продадени се 21 милион „бубачки“ ширум светот. Автомобилот останува еден од најкултните дизајни на 20. век.
извор: dw.com
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.