Медоу Вокер, ќерката на покојниот актер Пол Вокер, за прв пат проговоре за својата борба со туморот.
23 годишната манекенка објави фотографија од операциона сала.
На денешен ден пред две години. Минав многу долг пат. Збогум на туморот. Благословена сум и благодарна, напиша Медоу во описот на објавената фотографија.
Таа доби и многу поддршка од своите пријатели.
„Драго ми е дека си сега среќна“, „Што и да ти се случило, драго ми е дека сега си подобра“, „Жал ми е што си морала да поминуваш низ ова“, „Татко ти те чува од небото“, се само дел од коментарите.
Инаку, неодамна Медоу се омажи за партнерот Луис Торнтон-Алан. До олтарот ја придружуваше Вин Дизел, кој му беше најдобар пријател на нејзиниот татко.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.