Една од најубавите актерки во светот, холивудската sвезда Анџелина Џоли се врати во калифорнискиот град Бурбанк, откако помина неколку дена со своите деца на непозната локација.

Според американските медиуми, Анџелина заминала на одмор пред неколку дена, на непозната локација, заедно со своите деца – Захара, Вивиен и Шајло.

Таа беше фотографирана од американските папараци со заштитна маска и во црн фустан, откако слета на аеродромот во Бурбанк.

Патем, Анџелина веќе некое време е во „медиумска илегала“, избегнувајќи да дава интервјуа и да зборува пред јавноста.

Во текот на изминатите години, таа беше постојано мета на папараците и таблоидите, кои постојано пишуваат за нејзиниот развод со Бред Пит.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.