Един Бегзиќ (36), човекот кој денеска се закануваше дека ќе активира експлозив пред филијала на НЛБ банка во Бар, по долги преговори конечно се предаде на полицијата. Тој претходно објави видео на Јутјуб, каде рече дека кај себе имал панцир, маска за солзавец од молотов коктел, пиштол со куршуми и две рачно изработени експлозивни направи на далечински управувач.
Полицијата во Бар утринава ги евакуираше вработените од околните канцеларии и станарите од зградата во која се наоѓа банката поради заканата на 36-годишниот Един Бегзиќ дека ќе активира експлозив.
Бегзиќ утрово залепи натпис „Вратете ги парите што ги украдовте од работниците на Приморка“ и најави дека вооружен ќе ја држи банката под контрола сè додека не се вратат парите на работниците. Во своето видео тој го спомнува и Дритан Абазовиќ и покажува документи поврзани со банката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.