Многумина од нас имаат проблем да тргнат и некој денар настрана, но овој белграѓанец баш знае како се штеди. Тој со читателите го сподели неговото искуство како за три месеци успеал да заштеди 1.000 евра.
Но, да тргнеме по ред. Тој има плата од 42.000 динари, што е околу 350 евра, живее во стан со девојка му и со помош на три коверти заштедува прилична сума.
Тој вели дека штом прими плата веднаш настрана трга 200 евра и едноставно заборава на нив. Покрај ковертот што чува евра има и уште два во кој има пари по 1.000 и 2.000 динари кои служат за секојдневно пазарење.
Но како што ќе раситни илјадарка, кусурот од 50 и 100 динари го става во друг коверт и така повторно штеди.Кога излегува да пазари во маркет тој секогаш носи список и точно пари колку што му се потребни за да не се излаже да купи нешто плус.
Соговорникот признава дека ретко излегува по кафулиња и дека со друштвото се собираат по дома и дека порано бил страствен пушач но откако ги оставил секојдневно си одвојува по 200 динари во ковертот.
Тој советува автомобилот да се користи што е можно поретко, да ставите плин, а што е можно повеќе да се возите со градски превоз.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.