Медицинската сестра Челзи Ернест од Вашингтон, која работи во Домот за стари лица во овој град, во интервју за Си-Ен-Ен тврди дека секојдневно била во првата борбена линија против Ковид-19, а открива и дека постои уште еден симптом кој покажува дека пациентите се заразени со опасниот вирус, а тоа се црвените очи.

Како што објаснува Ернест во интервјуто, иако црвените очи можат да бидат симптом и заболување на други здравствени состојби, сепак, додава таа, сите луѓе што биле заразени од коронавирусот и кои биле во лоша состојба – имале црвени очи

Тоа го забележав кај сите пациенти, бидејќи сите имаа црвени очи, исто како да имаат некаква алергија. Белката од очите не им беше црвена, но имаа црвена сенка околу очите – вели Челзи.

Интересно е тоа што веднаш по нејзиното тврдење, Американската офтамолошка академија испратила предупредување до лекарите дека постојат извештаи оти коронавирусот, освен кашлица, температура и и болки во грлото, може да предизвика и конјутивитис, а со тоа и црвенило околу очите, објави Си-Ен-Ен.

Од друга страна, пак, конјуктивитисот не е на листата симптоми што ги објави Центарот за контрола и превенција на болести. Како главни симптоми таму сè уште се навефдени зголемената телесна температура, сувата кашлца, болките во грлото, како и недостатокот на кислород во телото.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.