Српската старлета Тијана Максимовиќ, попозната како Тијана Ајфон беше уапсена во полициска акција поради проституција, додека илегално во чамец се обидела да ја помине границата преку Дрина со уште три девојки.

Тијана е позната во круговите на таканаречената „турбо проституција“, во која се вртат вртоглави цифри. Услугите ги наплаќа според формиран ценовник, а за постојаните муштерии дава попуст.

Според инфромациите за еден ден таа заработува 700 евра, а за една ноќ околу 500 евра. Тоа и е основниот ценовник кој се менува во однос на тоа дали работата е во Србија или надвор од границите, дали учествуваат повеќе девојки и мажи, дали се работи за стални муштерии…

На пример, кога работи во Црна Гора седум дена, наплаќа 2.250 евра за цела недела. Но бара сместување и превоз на високо ниво и вечери за време на престојот. Од подароци прифаќа сè, злато, скапи ташни, чевли и телефони, рекол извор за српските медиуми.

Тијана им помага и на другите девојки да добијат работа по нејзина препорака.

Но кога организира други девојки, старлетата ја зголемува цената поради групните односи. Во торбата носи сексуални помагала и дополнителните „игри“ ги наплаќа двојно, дури и до 1.000 евра, ако муштериите имаат бујна фантазија, објаснил изворот.

Заедно со Тијана се уапсени уште неколку луѓе, кои освен за проституција се товарат и за злоупотреба на дрога и користење оружје. Во објектот во кој упаднала полицијата затекнати се 26 мажи и девет девојки.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.