Два дена по неговото раѓање, војводата и војвотката од Сасекс, принцот Хари и Меган Маркл, првпат се појавија во јавност со својот новороден син.
Ова е магично, навистина неверојатно! Ги имам двајцата најдобри момци на свет и не можам да бидам посреќна, рече Меган на средбата со новинарите во палатата во Виндзо
Prince Harry and Meghan have shared the first glimpse of their newborn son.#RoyalBaby
👉 https://t.co/b1GH6B5HYq pic.twitter.com/Eg5Xnsrz2v— BBC (@BBC) May 8, 2019
Тој го има најслаткиот темперамент, многу е мирен, вели Меган.
Не знам од кого го наследил тоа, се пошегува Хари и додаде дека поминаа само два дена, а тој им носи толку многу радост.
Прекрасно е да си родител, рече принцот.
Пред два дена, принцот Вилијам му посака на својот брат „добредојде во друштвото на неспијачи“.
Бебето, кое е седмо во редот за наследување на тронот, се роди пред два дена на сѐ уште непозната локација, а утрово пред неговото прикажување пред светот, ја имаше првата средба со баба му, кралицата Елизабета Втора. Хари и Меган сѐ уште немаат објавено ни како ќе му биде име, а според традицијата, му следува најмалку една титула, војвода од Дамбартон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.