Бизарното видео наводно било снимено на ранчот на Стерлигов надвор од Москва, каде бизнисменот, кој заработил богатство по распадот на СССР, се повлекол кога се уморил од градскиот живот.

Мажот кој седи во голем бакарен котел над запален оган може да звучи како детаљ од некоја мрачна бајка, но тоа навистина се наоѓа меѓу содржините на ЈуТјуб каналот на еден руски бизнисмен.

Станува збор за скандалозниот христијански тајкун, Герман Стерлигов. Во снимката објаснил дека ова е одличен начин да “излечите од разни болести”.

Само седнете и уживајте”, вели тој. Рецептот за “лековитиот гулаш” кој Русинот го подготвувал вклучувал билки и многу сол.

Стерлигов е многу горд на својот лонец, кој, според неговите зборови, е стар 200 години и направен од вистински бакар, “а не модерен, направен од штетни материјали”.

точка.мк



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.