Познатиот британски стенд ап комичар Ијан Когнито почина на сцена за време на својот перформанс, лежејќи така пет минути, а публиката мислела дека тоа е дел од неговата програма.
Шеесет годишниот комичар за време на својата шоу програма седел на столица, почнал тешко да диши, а потоа паднал и така лежел пет минути.
Публиката цело време се смеела, но никој не насетувал дека нешто не е во ред.
Ендрју Брд, кој го води „Lone Wolf Comedy Club”, изјави дека Когнито не се чувствувал добро, но инсистирал да настапи.
Како и секогаш беше гласен… Мислев дека во тој момент има многу добар настап – истакна Брд.
Тој нагласи дека комичарот во текот на настапот се шегувал со своето здравје, па дури во еден момент и рекол на публиката: „Замислете да починам тука пред вас!“.
Брд бил прв кој дошол до комичарот кога забележал дека нешто не е во ред.
Очекував во секој момент да каже „Бу“ – изјави Брд.
Веднаш била повикана итна медицинска помош, која само констатирала дека Когнито починал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.