Македонското еколошко друштво (МЕД) обележа нова единка од балканскиот рис близу селото Ничпур, во Националниот парк „Маврово“. Обележувањето се случи пред еден месец. Се работи за здрава женка тешка 14,5 kg и стара околу 10 години. Рисицата се вика Атиџе. Како и сите рисови досега, и таа носи околувратник и испраќа локации за своето движење.
Имињата на претходните две рисици се Нарциса и Лиса.
Утврдивме плен и сега сме сигурни дека Атиџе е добро и успешно се справува со сите предизвици, велат од МЕД.
Ова е десетта единка рис за последните 10 години. Според досегашните истражувања на МЕД се проценува дека на Балканот има уште 40 возрасни единки на Балканскиот рис, што според Меѓународната унија за зачувување на природата (IUCN) има статус на критично загрозено животно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.