Светлото беше вклучено, што беше невообичаено бидејќи никој од домашните во тоа време не беше дома… Додека одев низ ходникот кон собата да го исклучам светлото, слушнав плачење на бебе. Тоа навистина ме изненади... – раскажува една млада жена од Загреб, која во петокот вечерта на прагот на нејзиниот дом пронашла бебе старо само неколку недели.
Семејството веднаш повикало полиција и брза помош, по што бебето било однесено во болница.
Жената која го пронашла бебето, за „24сата.хр“ вели дека не може да ја разбере таквата постапка. Таа вели дека таа како мајка, точно знае што значи да се донесе дете на свет и дека никогаш не би можела да го остави така беспомошно.
Полицијата го испрашала семејството дали се сомневаат во некој кој би им го оставил детето.
Навистина не знаеме, но веројатно е некој од блискава околина. Претпоставуваме дека следеле кога не би биле дома затоа што бебето настинало, што значи дека останало подолго надвор. Би рекла дека бебето нема ниту еден месец, односно дека има околу две недели – вели мајката.
Единствено што забележале е невообичаено што е отворен шпоретот преку кој имаат централно греење.
Никој не запалил оган, но се чини дека можеби некој планирал да се загрее себеси и бебето – вели мајката.
Исто така таа вели дека доколку малечкото детенце нема никого, тие се подготвени да ја преземат грижата околу него.
Полициската управа во Загреб потврди дека го добиле извештајот, но не им е дозволено да даваат детали. Во меѓувреме, полицијата продолжува со потрагата по родителите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.