Американската кантри пејачка Кајли Ре Харис загинала во сообраќајна несреќа која се случила утрово кога три возила се судриле во Ново Мексико. Пејачката патувала кон градот Таос на закажан концерт.

Како што пишуваат американските медиуми, зад пејачката останала шестгодишна ќерка. Нејзиното семејство ја потврдило трагедијата и ги замолиле новинарите за приватност.

Непосредно пред несреќата таа на Инстаграм објавила сториња на кои плаче од среќа и замор. Ги утешила следбениците за својата состојба со оправдување дека е пресреќна што по 12 часа конечно пристигнала во Таос, град за кој ја врзуваат сеќавања на татко ѝ и сестрите.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.