Ешли Мини Рос, реалити ѕвезда во шоуто Little Women: Atlanta, загина во
сообраќајна несреќа на 35-годишна возраст, пренесува People
Возачот на автомобилот којшто удрил во нејзиниот автомобил, избегал од местото на настанот.
Со тага објавуваме дека Ешли им подлегна на повредите што ги здоби во сообраќајна несреќа. Семејството моли за приватност во овие тешки времиња – објави нејзиниот менаџер на социјалните медиуми.
Нејзината портпаролка, Лиз Диксон, потврди дека Ешли претрпела сериозни повреди во несреќата, од кои починала во болница ден по трагичниот настан.
Таа беше убава, љубезна и дарежлива личност. Нејзините колеги од снимањето ја обожаваа. Ќе биде запаметена по нејзината заразна смеа – додаде портпаролката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.