Зоран Заев, преку својот профил на Фејсбук повика да се дадат што повеќе гласови за нашата претставничка, Тамара Тодевска која вечерва повторно имаше феноменална изведба со песната „Proud“.

„Честитки за тимот на Тамара. Ние сме веќе горди на вас. На сите пријатели низ цела Европа гордо им порачуваме да гласаат за број 8 и да ја поддржат Македонија. Ајде да го подигнеме нашиот глас и да го смениме начинот на кој светот ја гледа силата на жените“, напиша Заев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.