Индонезиската армија објави видео на кое дел од сега загинатите 53 членови на екипажот на потонатата подморница го пеат индонезискиот хит „Sampai Jumpa” што во превод значи „Збогум“.

Снимката е направена неколку седмици пред да подморницата да исчезне.

Индонезиските власти денеска потврдија дека подморницата, која потона минатата среда во близина на Бали, е пронајдена на морското дно поделена на најмалку три делови, а сите морнари, за жал го загубиле животот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.