Православните верници денеска и утре го одбележуваат верскиот празник Задушница, како чин на достојно оддавање почит за мир и спокој на душите на починатите членови на семејствата.
Ова е трета по ред Задушница за помен на починатите која се одржува во време на пандемија, каде што одењето и собирањето не се претпорачуваат. Со носење заштитна маска, дистанца од најмалку 2 метри, и без масовност на граѓаните е апелот на свештениците.
Свештениците исто така апелираат и да не се раздава храна, туку да се спроведе само молитвениот чин, со пченица, вино и леб. Оние кои нема да можат да одат на гробовите на починатите, можат да се помолат во соборните храмови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.