Прво, преживеавме и родени сме нормални, иако нашите мајки кога имале главоболки пиеле аспирин, јаделе конзервирана храна, пушеле и работеле до последниот ден од бременоста и никогаш не биле тестирани од дијабетeс. Во тоа време предупредувања во стилот „да се чува далеку од дофат на деца“ на пакувања апчиња, на вратите и на ормарите – не постоеле. Кога сме имале 10 – 11 години не сме носеле памперси. Сме уринирале во кревет.
Како деца, сме се возеле во кола без појас и воздушни перничиња и не сме морале да носиме заштитни кациги на главите за возење велосипед или ролери. Сме пиеле вода од цревата за наводнување на тревата, а не од флашички купени во големите трговски ланци. Сме делеле флаша Кока Кола со нашите пријатели и НИКОЈ не умрел од тоа.
Сме јаделе млечни сладоледи, бел леб и вистински путер, сме пиеле кокта, чоколатца кои и тогаш биле полни со шеќери, но не сме дебели затоа што КОНСТАНТНО СМЕ СЕ ИГРАЛЕ НАДВОР.
Сме излегувале од дома наутро и сме се играле по цел ден, криенки, миженки, крадци и полицајци, каубoјци и индијанци, и се останато што само детската имагинација била во можност да го измисли, се додека не се запалеа уличните светла. кои и онака немаше премногу.
Неретко, нас никој не можел да не најде по цел ден, па и родителска кавга била дел од растењето, а без присуство на семејно насилство. И никогаш немало проблеми…
Сме поминувале цели денови правејќи скејтборди од даски од отпадот во подрумите, сме се спуштале по улиците заборавајќи дека немаме сопирачки. По неколку падови, скршени прсти и модринки сме научиле како се решаваат проблеми.
Ние не сме имале имагинарни другари, ниту проблеми со концентрација во училиште. Нам не ни давале таблети против хиперактивност. Ние не сме имале школски психолог и некој да не насочува, па сепак имаме завршено некакво училиште.
Нам не ни давале дрога пред училиштето.
Ние не сме имале плејстејшн, нинтендо, иксбокс, никакви видеоигри. Не сме имале по 99 канали на телевизија (само два и тоа другиот дури попладне), не сме имале камери, сараунд саунд, мобилни, компјутери, интернети, чет соби…
НИЕ СМЕ ИМАЛЕ ПРИЈАТЕЛИ.
НИЕ СМЕ ИЗЛЕГУВАЛЕ НАДВОР.
НИЕ СМЕ СЕ ДРУЖЕЛЕ СО НИВ!
Сме паѓале од дрвја, сме знаеле и да се исечеме на стакло, да скршиме заб, нога или рака, но нашите родители никогаш не оделе на суд поради тоа.
Сме се играле со лак и стрела, сме правеле тврдини од снег, сме фрлале петарди за Нова година, сме читале стрипови и се тоа сме го преживеале без последици!
Сме се возеле на велосипед или сме трчале пеш до куќата на пријателот, сме ѕвонеле на вратите или едноставно сме влегувале во нивната куќа да се дружиме и да бидеме заедно!
Кога запаѓавме во проблеми со законот, родителите не ни плаќале кауција да не извлечат. Всушност, честопати биле построги и од законот!
Последните 50 години биле најплодоносни години во историјата на човештвото. Нашите генерации ги дале најдобрите научници и измислители до ден денес.
Сме имале слобода, право на грешки, успех и одговорност. И научивме да живееме со тоа!
И ти припаѓаш на таа генерација?
ЧЕСТИТАМ!
МОЖЕБИ ЌЕ САКАШ ОВА ДА ГО СПОДЕЛИШ СО ОСТАНАТИТЕ КОИ ИМАЛЕ СРЕЌА ДА ПОРАСНАТ КАКО ВИСТИНСКИ ДЕЦА, ПРЕД АДВОКАТИТЕ, ДРЖАВИТЕ И ВЛАДИТЕ ДА ПОЧНАТ ДА ОДРЕДУВААТ КАКО ТРЕБА ДА СЕ ЖИВЕЕ!
Можеби би било добро да се прати оваа порака и на вашите деца за да видат како нивните родители пораснале.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.