Корисниците на социјалните мрежи се восхитени од сличноста на принцот Филип од младите денови со принцот Хари.

Цел свет ќе го следи денешното последно испраќање на принцот Филип кој што ќе биде погребан во капелата на Св. Џорџ во дворецот Виндзор.

На социјалните мрежи се прошири фотографија од војводата од Единбург од 1957 година кога во службена униформа позирал за насловната страница на магазинот „Paris Match“. Тогаш тој имал триесеттина година.

Корисниците на социјалните мрежи се изненадени од сличноста на принцот Хари со неговиот дедо.

Имено, фотографијата ја објавил Крис Џексон, автор на книгата за британското кралско семејство „Модерна Монархија“, за да ги потсети сите на сличноста на принцот Филип од тоа време со војводата од Сасекс денес.

Веднаш почнале да се нижат коментари во кои што корисниците ги споредувале дедото и внукот:

„Како не го забележав ова порано“, било главното прашање кое што го поставувале корисниците, нагласувајќи дека принцот Хари е „копија“ на својот дедо.

До израз дошла брадата и цртите на лицето кои што се заслужни за сличноста меѓу дедото и внукот.

На прв поглед мислев дека ова е Хари“, „За сите оние кои што тврдат дека Хари не е син на Чарлс, погледнете ја фотографијата – ист Филип“, „Па, ова е Хари! Никогаш претходно не сум ја забележала сличноста“, се само дел од коментарите.

„Мојот дедо беше човек од служба, чест и голем хумор. Беше автентичен, многу остроумен и можеше да го задржи вниманието на целото друштво со својот шарм, но и поради тоа што никогаш не знаевте што можеше да каже. Ќе остане запомнет како и многумина од вас што ги помнат саканите луѓе кои што ги изгубиле или бабата и дедото. Мојот дедо пред сè беше: господар на скарата, легенда на шегите и вечно дрзок“, изјавил принцот Хари опишувајќи го својот дедо.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.