Новооткриени снимки од свршувачката на принцезата Дајана и принцот Чарлс покажуваат дека животот на принцезата Дијана можеби бил и потрагичен од тоа што е познато во јавноста, како и дека поголемиот дел од тоа што јавноста го видела и го знаела за неа и за Чарлс било лага.

Снимката, којашто датира од 1981 година, сега се појави во јавноста, а е подобро од што било досега го отсликува напнатиот и нејасен однос помеѓу Чарлс и Дијана. Ова е една од ретките ситуации на коишто незадоволството не принцезата од Велс е очигледно и во која што не се потрудила да го скрие, пренесува „Дејли мејл“.

На младиот кралски пар му било поставено прашањето „Дали се сакате меѓусебно“, и додека Леди Ди одговорила „секако“, Чарлс одлучил да даде поинаков одговор: „Што и да значи љубовта“, прокоментирал тој, по што таа збунета рекла „да“, а истовремено низа непријатни емоции се отсликале на лицето на тогаш 19-годишната принцеза.

Видеото секако дека е монтирано и исечено така што јавноста не го слуша коментарот на Чарлс, но необработените снимки беа емитувани во неделата на телевизијата „Ченл 5“.

Експертите за кралското семејство тврдат дека снимката е „шокантна“ и „неверојатна“.

Изразот на нејзиното лице е толку речит. Никогаш претходно не сум видел таа толку јасно да покажува незадоволство пред камерите, тоа е одлична снимка – вели историчарот за кралското семејство Пирс Брендон.

Од друга страна, книжевникот Ричард Кеј, додава дека тишината помеѓу нив по кажаниот коментар е морничава:

Всушност може да видите како згасна сјајот во нејзините очи. За неа тогаш целиот свет се урна – вели биографот на принцезата Дијана, Ендрју Мортон.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.