За католиците денеска е Велики Петок.

На денешен ден, пред две илјади години, Исус Христос со својата мака и смрт на Крстот ги ослободи луѓето од гревовите. Со својата смрт на Крстот, Исус покажа совршена послушност кон својот Татко, а кон нас луѓето, со тој чин покажа голема љубов.

По гревот на Адам човекот бил оддалечен од Господ, својот Создавач и ја изгубил можноста да живее вечен живот со Господ во рајот.

Христос како Нов Адам и жртва на Крстот, како Глава на човештвото, повторно ги привлече луѓето кон Господ и им стекна вечен живот. Светото писмо во сите четири евангелија зборува за Спасителската мака и Исусовото трпение на Крстот, за нашето спасение.

Со жртвувањето на Крстот, Исус ни покажува дека не сака. Да му возвратиме и ние со љубов, живеејќи според Божјите заповеди, не навредувајќи го никогаш повеќе со своите гревови.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.