Сите сме слушнале за „Фенг Шуи”. Тоа е древна кинеска техника со која се верува дека поединечни аспекти од животот може да се подобрат или уназадат зависно од распределбата на предметите во вашиот простор. Доколку сакате да ја зајакнете вашата финансиска состојба, ова се неколку совети за тоа како да го уредите домот според Фенг Шуи кои треба да ги примените.

1. НЕ КОРИСТЕТЕ СИМБОЛИ СО ВОДА

Цевки од кои тече вода се симбол дека парите ви летаат од рака. Вака вели Фенг Шуи стручњакот Карен Картер, кој долги години ја разработува оваа техника. За да си ја поправите банкарската сметка, поправете ги сите проблеми со вода и цевки, но и да се решите од водата која долго време стагнира, на пример ако имате вазна со свежо цвеќе во која секако има вода.

Исто така, избегнувајте и ликовни дела со елементот вода-посебно во спалната, каде не би требало да имате ни огледала.

2. ВНЕСЕТЕ ПОВЕЌЕ БИЛКИ ВО ДОМОТ

За да просперирате во животот и особено да ви тргне со финансиите кои ни се многу важни, според древната кинеска техника најдобро би било својот дом да го креирате како здрав простор без неред, каде ќе има повеќе билки и цвеќиња. Нередот му пречи на слободниот проток на енергија, поради што најчесто доаѓа до проблеми.

Освен што треба да го разубавите просторот со растенија и цвеќе, треба и често да проветрувате во исте простории. И фонтаните се симбол на богатство, па ако имате простор поставете фонтана, ако не можете да дозволите вистинска, барем украс.

3. ДЕКОРИРАЈТЕ ГО ДОМОТ СО БОИТЕ НА БОГАТСТВОТО

Бојата има големо влијание на вашето расположение. Црвената се смета за моќна боја, па затоа и не треба да ни е чудно што црвениот тепих по кој славните шетаат е токму црвен. Црвената, зелената и лилаковата боја привлекуваат пари и гарантираат благосостојба. Не постои исклучок. Ако не сакате црвена, зелена или виолетова боја, друга боја нема да ви привлече пари во домот.

Инаку, според оваа техника, разни автори наведуваат дека е потребно и вашиот паричник да има црвена боја бидејќи тоа е бојата на парите.

4. ЧИСТА КУЈНА

Просторот каде готвите е директно поврзан со парите. Според Фенг Шуи стручњакот, Сузан Мекгер, шпоретот мора секогаш да е чист, фрижидерот да е организиран и во него секогаш да има свежа храна. Исто така, потеребно е и секоја рерна правилно да работи. Овој простор треба да ви е совршено чист.

5. РЕШЕТЕ СЕ ОД СТАРИТЕ ПРЕДМЕТИ

Заклучокот е јасен! За да заработите пари и да ги решите финансиските проблеми кои ни задаваат главоболки, потребно е да се спасиме од старите предмети и нешта кои ги чуваме. Станува збор за некои стари далечински управуачи, кутии, облека која не ја носите…Ако не носите и не користите нешто веројатно не ви е потребно, па исфрлете го и ослободете го просторот за пари.

Инаку, доколку некогаш сте се запрашале, Фенг Шуи е стара кинеска древна техника односно древен кинески систем кој синтетизира повеќе учења, вештини и техники, со цел човекот да се задржи со допир во природата и да си помогне самиот себеси за благосостојба. Зборовите Фенг и Шуи буквално би се превеле како воздух-вода на Македонски јазик. Според модерните ентузијасти ова е идеален начин за да немате пробелми и да ја подобрите состојбата во домот или на работното место, или на било кое место кое ви е важно. Целта на фенг шуи, онака како што денес се практикува, е да се постави градбата онаму каде што поминува добрата енергија „чи“ или „ки“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.