Страшна нecреќа се случило во познатото летувалиште Бодрум во Турција откако мало девојче кое се разладувала во базенот била „вшмукaнa“ од пумпата која 15 минути ја држела под вода.
Таткото на Алиса Адамов од Русија и останатите гости безуспешно се обидувале да помогнат да ги извадат децата од цевката, а проблемот бил што вработените не знаеле како се исклучува пумпата. Детето се давело 15 минути, додека да најдат кде се исклучува пумпата. Додека да пристигне брзата помош, со вештачко дишење се обидувале да и ја вратат свеста, но во тоа успеала итната помош, која повторно успеала да и помогне за срцето да проработи, па девојчето е одведено во болница. Во еден момент изгледало дека ќе се спаси, но поради големо оштетување на организмот на Алиса таа починала 11 дена подоцна во болница.
Xoророт се случил на 18 август, во хотелот „Сунхил“, а гостите на базенот велат дека во тој момент немало спасувач на базенот.
Панично ги довикувавме вработените да ја исклучат пумпата, но никој не се одзва раскажал потресен еден од очевидците.
Раката на малата Алиса била зaглавeнa во цевката, па детето било заробено под вода.
Им требаше 10 минути за да ја исклучат, но ни тогаш не успеавме да ја извлечеме вели очевидец кој исто така нагласува дека треба да се избегнува овој хотел поради неспособните вработени’.
Мајката на Алиса вели дека требало седум лица за да ја искршат цевката и да ја извлечат Алиса.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.