Вселенската капсула „Кру драгон ендивор“ на „Спејс-икс“ безбедно се врати на Земјата.
Леталото се спушти со помош на падобран утринава во 03:33 часот по Гринич кај брегот на Флорида со четворица астронаути на него. Тоа вчера полета од Меѓународната вселенска станица (МВС).
Полетувањето првично беше планирано за недела, но беше одложено за вчера, поради лошите временски услови.
Тимот „Кру-2“ го сочинуваат францускиот астронаут од ЕСА, Томас Песке, јапонскиот астронаут Акихико Хошида и астронаутите на НАСА – Шејн Кимброу и Меган Мекартур.
Астронаутите од Кру-2 и „Драгон“ минаа 199 дена во Орбитата, и ова е првото американско вселенско летало кое ја достигна таа точка – соопшти Спејс-икс на Твитер.
Меѓу другите наводи, тоалетот на „Кру драгон“ се расипал, што значи дека четворицата астронаути, кои се на МВС од април, морале да носат пелени при нивното патување дома.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.