Повеќе од петстотини вработени од компанијата „Џонсон Мети “Македонија се вклучија во волонтерски активности за масовно чистење на јавни површини во Скопје, Велес и Куманово.

Оваа активност е дел од корпоративната Програма за волонтирање на вработените во заедницата, во рамки на Стратегијата за општествена одговорност на „Џонсон Мети“. Мото на оваа активност е „Два дена да направите разлика“ (Two days to make a difference“).

Џонсон Мети е една од ретките компании со Глобална политика за волонтирање, која овозможува вработените да искористат два работни дена за помош и поддршка на заедницата преку волонтерски активности. Во првата акција се вклучија 234 волонтери, додека во втората акција се вклучија 275 волонтери.

Горди сме што постигнавме рекорд во бројноста на вработените кои се вклучија во акциите. Над 500 наши вработени беа дел од акцијата за чистење на јавни површини. Еден ден искористивме да го исчистиме кејот на реката Вардар на потег од Аеродром и Карпош 4, еден ден резервиравме за Градскиот парк и околината и еден за плоштадот Филип Втори и околината. Џонсон Мети е инклузивна компанија и поради фактот што голем дел од нашите вработени се од градовите Велес и Куманово, сметавме дека наша должност е да организираме акции и таму, вели Боријан Борозанов, директор на Џонсон Мети во Македонија.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.