Вработените во Агенција за вработување во англискиот град Свиндон добиле четири дополнителни дена за годишен одмор под услов да не пушат на работа.
Агенцијата „KCJ Training & Employment Solutions“ од Свиндон сака да ги награди работниците кои не пушат, место да ги казни пушачите.
Генералниот директор Дон Брајден ја вовел оваа мерка, иако и самиот е пушач. Додал дека одлуката ја прифатиле и пушачите и непушачите во компанијата.
Никого не десикриминирам, немам ништо против паузите за пушење, ниту работниците ги терам да престанат со таа навика. Меѓутоа, ајде да кажеме дека секој од нив прави по три паузи за пушење дневно. Тоа е еквивалент на 16 работни дена и два часа годишно доколку работниот ден трае осум часа, ја појасни Брајден својата идеја.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.