Би требало да го започнам овој статус со „почитуван Господине” Ангел Димитров, но не го заслужуваш ниту едното, ниту другото. Вака го започнува своето обраќање лидерот  на младите сили на ВМРО-ДПМНЕ во Свети Николе. Светиниколската компанија „Мода“, продолжува со работа дури и за време на викендите со посебно извадени дозволи за сите вработени.

Имаш ли малку грижа на совест, имаш ли малку хуманост во тебе? По ново воведените мерки, полицискиот час да започнува од 16:00, и викендот да биде 24/7, дотичниот Ангел, на кој што веројатно никогаш нема да му бидат доста од неговите приходи, извадил дозволи за сите работници/чки во АД Мода да можат да работат во полна смена, дури и викендот. Можејќи сите ресторани, продавници, кафичи, бутици да затворат грижејќи се за јавното здравје на сите граѓани на општина Свети Николе, мислам дека можеш и ти, порачува во својот фејсбук-статус Кристијан Милевски.

Додава дека Свети Николе е една од десетте општини каде што нема ниту еден случај на КОВИД 19.

Си размислувал ли што ќе се случи доколку еден од вашите работници е заболен? Си размислувал ли дека 70% од фамилиите од Свети Николе имаат по еден вработен во АД Мода? Си се замислил ли некогаш што би се случило кога еден би се заразил, не почитувајки ги мерките за одржување на растојание , за групи поголеми од 5 луѓе, за нередовно одржување на хигиена и поделба на заштитни маски и одела? Се грижиме секој ден за нашите деца, фамилии,роднини, се воздржуваме и почитуваме мерките да не излегуваме на ова убаво време, а ТИ, дотичен Ангел Димитров, ја користиш својата моќ за да извадиш дозволи за да си имаш некое плус приходче? ЗАСРАМИ СЕ, ПАРИТЕ СЕ ТРОШАТ, МОЌТА Е МИНЛИВА, НО КАДЕ ЌЕ ТИ ОДИ ДУШАТА ПОСЛЕ ОВАА ТОРТУРА?, пишува Милевски.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.