Вработен во делот за угостителство во Бакингемската палата кој украл медали и фотографии од резиденцијата на кралицата осуден е на осум месеци затвор.
Адамо Канто (37) украл предмети што вклучуваат потпишани фотографии од војводата и војвотката од Кембриџ и албум со фотографии од посетата на сега веќе поранешниот американски претседател Доналд Трамп на Велика Британија, пренесува Би-Би-Си.
Полицијата соопшти дека некои предмети, вредни помеѓу 10.000 и 100.000 фунти, се рекламирани за продажба преку Интернет.
Полицијата извлече „значителна количина“ украдени предмети кога ги претресе просториите на Канто во палатата, каде тој работел од 2015 година.
Вкупно 37 предмети беа понудени на продажба значително под нивната реална вредност, а Канто заработил 7.741 фунти од тоа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.