Руската полиција покрена истрага против сопружници, за кои постои сомневање дека вдомиле куче од засолниште за улични кучиња, а потоа го претепале невиното суштество до смрт, го испекле и го изеле. На прв поглед, тие оставиле впечаток на совршено љубезен и обичен пар и така го убедиле персоналот на засолништето за животни дека се заљубиле во Ника, која ја одвеле во нивниот дом во Сахалин, остров на рускиот далечен исток.
Ужасната судбина на Ника бил открила кога волонтерја од засолништето го посетила згрижувачкиот дом за да ја провери состојбата на кучето.
Штом пристигнав, мирисаше на пржено месо. Потоа, видов делови од крзно и коски на тремот. Остатокот беше во нивниот шпорет, раскажува волонтерката Екатерина Ваjус.
Жената што го вдомила кучето, идентификувана само како Галина, првично го негирала грозоморното злосторство, но подоцна сè признала во полиција. Таа го убила кучето со метална шипка.
Директорка на засолништето за напуштени кучиња, Ирина Савитскаја побара затвроски казни за двајцата мачители.
Кога Галина и нејзиниот сопруг дојдоа во засолништето, Ника трчаше кон нив и се чинеше дека се заљубуваат во него. Ми ги дадоа нивните податоци од пасошот, склучија договор со нас, го зедоа кучето и го изеле истата вечер, вели згрозената Савитскаја.
Таа додаде и дека суровата жена и рекла дека сигурно нема да оди во затвор поради кучето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.