Вистинска филмска потера се одвивала минатиот петок во Кливленд во американската сојузна држава Охајо.
Потерата почнала кога полицијата запрела жена зошто имала затемнети стакла на својот автомобил.
Имани Едвардс минувала низ црвени светла, возела со 160 километри на час, удрила во неколку полициски автомобили, и за малку ќе прегазела неколку полицајци, а причината поради бегањето наводно е тоа што доцнела на работа.
На снимката се гледа како полицијата во еден момент ја опколува, но жената притиска гас и за малку ќе ги прегазела полицајците.
По апсењето, обвинета е за кривично дело напад и непочитување на правила.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.