Човекот во средата со својот Џип влегол низ вратите на црквата Свети Јован Евангелист во Сосека околу 1 часот по полноќ.

Тој им се правдал на полицајците дека се чувствувал безбедно само до олтарот.

Од полицијата велат дека мажот не успеал во првиот обид да ги урне црковните врати и да влезе во црквата. Една жена мислејќи дека се работи за сообраќајна несреќа се доближила до автомобилот да провери дали возачот е во ред, но тој го отворил прозорот и ја избркал жената пукајќи кон неа.

Потоа жената се јавила во полиција додека возачот продолжил да се обидува да ги урне црковните врати се додека во тоа не успеал и со возење влегол до олтарот.

Од Шпанската цивилна гарда велат дека го нашле мажот видно вознемирен близу олтарот, каде што тврдел дека се чувствува најбезбедно бидејќи е опседнат од ѓаволот.

Возачот бил пренесен во болница со неколку повреди . Други луѓе не се повредени во овој инцидент.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.