Министерството за одбрана на Русија го претстави својот календар за 2019 година и ги воодушеви корисниците на интернетот.
Секоја фотографија во календарот е проследена со ироничен слоган. На пример, снимката на која војници го подготвуваат оружјето пред борба е наречена: „подесување на апаратурата пред „концерт“, а фотографијата со деца во воени униформи: „подготовка за парадата на 9 мај 2033 година“. Со фотографиите на руско оружје и техника стојат фразите: „жесток руски пекач на галети“ и „кај руските пилотски асови дури и „крокодилите“ летаат“.
Комплетната верзија можете да ја погледнете и симнете на сајтот на рускиот воен ресор.
Извор: Руска реч
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.