Популарното модно списание „Вог“ ќе добие нова, дигитална верзија. „Вог Бизнис“. Во него ќе има теми кои ќе ги интересираат деловните луѓе од модната индустрија, како и од индустријата за убавина и козметички производи, а ќе има само онлајн издание.
Новиот портал ќе покрива теми за промените на пазарот, културните движења, трендовите и технологиите, кои ќе влијаат врз модната индустрија.
„Вог Бизнис“ ќе започне како билтен, кој ќе се објавува двапати неделно, а ќе го уредува Лорен Индвик. На проектот ќе работат вкупно 21 лице, од кои шест новинари. Иако новото издание на „Вог“ на почеток ќе биде бесплатно, многу брзо читањето статии ќе почне да се наплаќа. Станува збор, како што велат аналитичарите, за сѐ повеќе популарен тренд кај медиумите, односно специјализација на својата публикација. Така се привлекува помала, но побогата публика, наместо бројни читатели и уште побројни огласувачи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.