Што сè се пушта на балканските телевизии? Во едно од неколкуте реални шоуа од Србија, вчеравечер во живо водителка си ги пресече вените по расправија со водителката на шоуто – и тоа во живо.
Слаѓана Петрушиќ е името на поранешната водителка, која по жестока расправија со водителката на реалното шоу „Парови“ требаше да добие парична казна и да биде пратена во изолација. Но, расправијата тогаш ескалираше и таа скрши бокал со вода, по што се самоповреди.
Брзата помош веднаш реагираше и водителката е во добра состојба. Раните не се длабоки, ниту пак имало потреба од шиење. На крај на интернет беа споделени и фотографии од возилото на Брзата помош во кое таа се смее и позира веднаш по инцидентот.
Петрушиќ е исфрлена од шоуто. Гледачите бараат казна и за телевизијата „Хепи“ која дозволила ситуацијата да ескалира.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.