Познато е дека Месечината влијае на умот. За време на полната Месечина влијанието е поголемо. Ова влијание е уште понагласено кога доаѓа до помрачување на Месечината. Според тоа комбинацијата на помрачување и полна Месечина е многу сериозна. Меѓутоа, тоа се случува на суптилно ниво, те. луѓето страдаат поради негативните енергии.

Во вторник на 16 јули ќе се случи делумно помрачување на Месечината, тоа ќе биде последното лунарно помрачување во оваа година.

Помрачувањето ќе биде видливо за жителите на Австралија, Африка, Јужна Америка, како и во делови од Европа, а истото ќе ја заобиколи Северна Америка, односно ќе биде видливо само за најјужните делови на континентот.

Помрачувањето сепак ќе биде тешко видливо, затоа што висината на Месечината над хоризонтот, нема да биде поголема од една педа испружена рака.

Помрачувањето ќе започне во 22:01, а Месечината најмногу ќе биде прекриена со сенката на Земјата и тоа 65 отсто пречник во 23:31, а од неа ќе излезе во среда на 17 јули, еден час по полноќ.

Доаѓа до општо опаѓање на способноста за донесување одлуки и поголема е веројатноста дека луѓето ќе донесат погрешни одлуки, затоа што интелектот е под влијание на негативните енергии. Затемнувањето на месечината ќе донесе ненадејни издигнувања и падови во расположението, како и удари на свеста. Промените за кои станува збор ќе влијаат претежно на личните односи: љубовта, семејството, пријателствата.

Не си дозволувајте размислување на темата „Колку е неправеден животот кон мене!”

Кога Месечината на небото е со полн сјај, тогаш највеќе влијае на психичката состојба – тогаш можат да почувствуваат зголемена емотивност, нервна напнатост, неконтролирани реакции, склоност кон депресија, меланхолично расположение или претерана агресивност. Тешко луѓето тешко ги контролираат чувствата, емотивните реакции се прејаки, ранливи се, лесно можат да се вознемират и бурно да реагираат и за најмала ситница. Месечината влијае врз течностите во телото на жената, менструалниот циклус, бременоста, раѓањето на деца, менопауза и психичка смрт. За време на полна Месечина забележан е и зголемен број на породувања во здравствените установи.

Што не треба да правиме

  • Немојте да планирате важни работи:  препорачливо да се избегнуваат важните настани како што е започнувањето на работи, свечени отварања, важни деловни договори итн. за време на помрачувањето.
  • Намалување на раѓа-тама активностите: Избегнување на активностите како што се спиењето, одење во тоалет, сексуални односи, или конзумирање на храна, затоа што во тие акции преовладува раѓа-тама и тие не прават уште поранливи за влијанието на суптилните тела на преминатите предци и духовите.
  • Избегнувајте да јадете: Зголемувањето на суптилната основна раѓа-тама компонента во атмосферата во периодот на помрачувањето влијае на храната и процесот на варење. Затоа е препорачливо да не земаме храна во текот на периодот на помрачување. Траењето на периодот кога треба да ја избегнуваме храната зависи од видот на помрачувањето
    Потполно помрачување 12 часа пред почетокот на помрачувањето
    Ако е покриено ¾ 9 часа
    Ако е покриено ½ 6 часа
    Ако е покриено ¼ 3 часа


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.