Метеоролошкиот институт соопшти дека во Тунис се измерени рекордни 49 Целзиусови степени во главниот град во вторникот.
Во некои делови од земјата, вискоките температури предизвикале и прекин во електричната енергија, бидејќи граѓаните ја преоптоварија електрична мрежа со користењето на климатизерите.
Според Институтот, претходната највисока измерена температура во Тунис изнесувала 46,8 степени Целзиусови, а била регистрирана во 1982 година.
Разурнувачки шумски пожари, предизвикани од пеколното време, во изминатите неколку дена, избија во медитеранските земји, опустошувајќи ги шумите и вегетацијата во Грција, Турција и Алжир.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.