Дека Швајцарија е навистина средена држава во која законите функционираат се уверил секој што барем неколку дена престокувал. Но, дека понекогаш се претерува покажува и приказната на една Србинка која со години живее со сопругот со години живее во оваа алпска земја.

Срна Загорац објаснува дека ќе мора да плати висока казна затоа што на својот сопруг му подгреала ручек.Да добро прочитавте. Еве за што се работи.

 

Таа еден ден решила да го изненади сопругот кој имал сервис за автомобили и да му однесе ручек.

Само што влегов дојдоа полицајци да ми пишат казна затоа што мислеле дека сум готвачка. Ме обвинија дека работам на црно.Залудно им објаснував дека сакав на сопругот да му го згреам ручекот во сервисот-раскажува Срна.

Се прашувате од каде полицајците знаеле. Соседот ги пријавил кога забележал дека жена влегува со јадење во сервисот.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.