Станот е добро опремен и секој може да остане во него … ова е само дополнителна понуда. Секој пат, се разбира, сè се дезинфицира за да нема страв.

Вака гласи огласот за апартман во Осиек, што се нуди за дневно изнајмување во комплет со комплет секси играчки и помагала.

Во огласот за комплетно опремениот стан ги нема само вообичаените предмети. На полиците може да се видат различни сексуални помагала, од вибратори, дилда до играчки за парови.

Луѓето го користат нормално, затоа се во понудата. Станот се издава како и секој друг. На нашите гости им е дозволено да користат сè во станот. Секако, го користат оние што ги сакаат таквите работи – вели сопственикот на станот.

Тој додава дека на некои им се допаѓа тоа што го има во станот, а на некои не, но тој сака да биде добар домаќин и да им обезбеди на оние што сакаат да имаат ваков вид на содржина.

Покрај овој, сопственикот има уште два стана во Осиек и еден во Вуковар, но само во овој може да се најдат ваквите „додатоци“.

Секој може да остане во станот, семејство, парови, пријатели, самци … Ова е само дополнителна понуда. Имаме полн плакар, по нешто за секого. Секој пат, се разбира, сè се дезинфицира за да нема страв – вели сопственикот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.