Во Домот на културата во гевгелиското село Миравци од денеска ќе бидат изложени фотографии посветени на традиционалната културна манифестација „Ѓура Мара“, што финансиски е подржана од Министерството за култура и општина Гевгелија.

Автентичната фолклорна манифестација, која по традиција се одржуваше на третиот ден од Велигден, годинава за прв пат поради пандемијата од коронавирусот беше одложена поради што организаторите беа принудени да ја организираат на сосема поинаков начин од очекувањето на аудиториумот, поточно за време на продолжениот Илинденски викенд, во чест на прославата на Денот на Републиката.

Организаторите на манифестацијата изјавија дека фотографиите се направени на изминативе изданија на манифестацијата на која главни актери беа членовите на КУД „Танец“ од Миравци. Изложбата ќе биде отворена на 3 август.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.