Фосил на риба за кој се претпоставува дека е стар над 95 милиони години, е пронајден во Мексико, поточно во провинцијата Чијапас, на југоистокот на земјата. Според претпоставките на научниците, рибата живеела на северноамериканскиот континент во времето на диносаурусите.
Научниците сметаат дека фосилот припаѓа на вид риба од американското подрачје.
Рибата имала голем број боцки на грбот и анални перки. Ова е досега неидентификуван вид кој живеел пред приближно 95 милиони години, односно во истиот период со диносаурусите – велат истражувачите.
Научникот од Националниот автономен универзитет на Мексико, Клејтон Мањо Канталис, соопшти дека на овој вид на риба му е дадено името „Choichix alvaradoi“ и според него потекнува од Мексико.
Порано се веруваше дека рибите доаѓаат од Европа и се движат кон оваа област. Но, сега гледаме дека најстарата и прва риба живеела на овие простори – изјави Канталис.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.