Бројот на корисници на интернет во Кина до јуни оваа година достигна 940 милиони, а стапката на пенетрација на интернетот изнесува 67 отсто.

Од Кинескиот информативен центар (CNNC) додаваат дека бројот на корисници на интернет на мобилни телефони е 932 милиони.

Во извештајот за развој на интернетот се наведува дека, почнувајќи од 2013 година, Кина веќе седум години по ред е најголем пазар за онлајн малопродажба.

До крајот на јуни 2020 година бројот на луѓе кои купуваат преку интернет достигнал 749 милиони, што прави 79,7 отсто од вкупниот број на корисници на интернет.

Во првата половина на оваа година, вкупниот износ на плаќање со мобилни уреди во земјата достигнал 196,98 билиони јуани, што претставува раст од 18,61 отсто во однос на истиот период лани.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.